ЕДУКАЦИЈА

О3 Инвест едукација, во соработка со Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес – ЗЕОООП, во рамките на Европската недела на мобилност 2021 реализираше еколошки часови /обуки за наставници на неколку основни училишта во град Скопје:

  • ООУ “Александар Македоски” Општина Аеродром
  • ООУ “Невена Ѓоргиева Дуња” Општина Кисела Вода
  • ООУ “Вера Циривири Трена” Општина Карпош
  • ООУ “Наум Наумовски – Борче” Општина Гази Баба

Обуките имаа за цел  едукација и проучување за важноста на животна средина како и модернизација во образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичниот однос помеѓу човекот и неговата околина.

Низ овие обуки наставниците ги зајакнаа своите компетенции за подготовка и планирање на еко содржини во наставата.

Учесниците во обуките покажаа голем интерес и ја афирмираа потврдата дека постои потреба од ваква едукација на наставниот кадар.

О3 Инвест едукација, во соработка со СУГС “Марија Кири Склодовска”, реализираше обуки за наставници на неколку теми:

  • Еко училница
  • Развивање на критичко мислење кај учениците и
  • Градење на тимови

Обуката Еко училница имаше за цел да ги зајакне компетенциите на наставниците за планирање и воведување на еко содржини во наставнит процес.

Од наставникот во современото време на настава се бара кај учениците да го поттикнува и развива критичкото мислење и вештините поврзани со него. Токму таа беше целта на обуката Развивање на критичко мислење кај учениците. Критичкото мислење треба да биде процес на неутрално и непристрасно размислување, ослободено од сите облици на предрасуди со цел правилно да се провери одредено мислење или тврдење

Темата градење тимови имаше за цел да се споделат техники и алатки во тимското работење за постигнување успех како и за постигнување на целите на тимот.

Реализацијата на сите обуки беше со интерактивен пристап и учесниците покажаа висок интерес и ангажман во работилниците и сесиите.

О3 Инвест едукација  во периодот од 15.12.2021 до 23.12.2021 година спроведе неколку обуки за јакнење на вештините на вработените во Бирото за развој на образованието:

  1.  Основно ниво Excel 
  2. Развој на комуникациски вештини и деловна етика
  3. SPSS програма за статистичка анализа
  4. Јавни набавки
  5. Спроведување на редовен попис на средства, обврски и побарувања кај буџетските корисници

Четири обуки се обуки се одржаа онлајн на платформата ZOOM, додека една обука се одржа со физичко присуство.

Сите обуки беа реализирани од компетентни обучувачи со долгогодишно искуство, експерти во своите области на работење. Обуката за Excel ја реализираше проф. Маријан Стевановски, за развој на комуникациски вештини проф. Митко Керамитчиев, SPSS програма за статистичка анализа проф. Садусин Садики, за Јавни набавки проф. Оливера Стефановска и за Спроведување на редовен попис на средства, обврски и побарувања кај буџетските корисници, проф. Бранислав Гулев.

По завршување на обуките на учесниците им беше дадена можност да го евалираат квалитетот и да дадат оценка на ефективноста, за што најголем дел од нив дадоа позитивни оценки.

По успешната реализација на сите учесници им беа издадени сертификати за учество. 

О3 Инвест во месец февруари 2022, реализираше две обуки за наставници во ОУ “Димитар Миладинов” од Скопје на тема: Справување со врсничко насилство и булинг, како и План за личен и префесионален развој.

Првата обука, се одржа во просториите на училиштето и учесниците имаа можност низ неколку работилници и симулации да ги подобрат своите компетенции за превенција и справување со врсничко насилство и булинг.

Втората обука се одржа онлајн преку Zoom платформата.

Обуките беа реализирани во соработка со експерти/предавачи со долгогодишно искуство во спроведување на обуки од ваков тип.

 

О3 Инвест дооел  Скопје  во рамките на јавната набавка на ЈУ Национален Парк Галичица за  реализација на специфични обуки за вработените спроведе обука за: Ажурирање на SDF форма (Standard Data Form) и Обука за биологија и екологија и видови на живеалишта во Национален Парк Галичица Охрид.

О3 Инвест дооел  Скопје  во рамките на јавната набавка ЈУ Национален Парк Галичица за  реализација на специфични обуки за вработените спроведе обука за: Обука за англиски јазик и други странски јазици, Обука за подготовка на предлог проекти, Обука за административно работење, Обука за однос и поддршка со/на посетители, Обука за карактеристиките на паркот: природно и културно-историско наследство, Обука за алохтони и инвазивни видови, Обуки за инцидентно забележување на видови, Обуки за држење јавен говор, Обука за користење на Excel, Обука за Access и Обука за човечки ресурси.

  • Во рамките на проектот: “Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област на Општина Неготино и Општина Алмопиа” BEE-CONOMY (CRIS No: IPA2010/DN23657/CN358809), О3 ИНВЕСТ дооел Скопје, спроведе обука за Развој на регионален  идентитет  за промоција на пчелните производи во регионот на Општина Неготино, Обука за Развој на регионален  идентитет  за промоција на пчелните производи, Обука за вовед во пчеларсто и Обука за искусни пчелари за развој на пчеларството како бизнис и дополнитлени пчелни производи.
  • О3 ИНВЕСТ дооел Скопје, во Општина Неготино ја спроведе обуката за ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella), во рамките на проектот (”wa-mbrella), финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција. Обуката ги опфати сите основни и средни училишта во општина Неготино, кои се вклучија заеднички во проектните активности за подигнување на јавната свест за важноста на водните ресурси.
  • О3 ИНВЕСТ дооел Скопје, во Општина Струмица, во рамките на прекуграничниот проект „Прекугранична соработка за справување со шумски пожари“ спроведе обука на сите чинители во планскит регион во Македонија и Бугарија на тема „Предизвици во справување со шумски пожари и формирање на волонтерски ПП друштва“.
  • О3 ИНВЕСТ во рамките на своето ртаботење за голем број на македонски компании има спроведено ТИМ БИЛДИНГ настани преку метода на Белбин за самооценување на личните капацитети на вработените.